DAF Trucks во соработка со фирмите TNO, NXP и Ricardo го развива проектот EcoTwin кој ќе учествува во европската иницијатива за камиони, движејќи се во конвој со мала дистанца (European Truck Platooning Challenge). Таа се организира од холандското Министерство за инфраструктура и животна средина и ќе се одржи на 6 април 2016 година.

Целта е владите во Европа да дадат дозвола за вршење на тестови со камиони поврзани со безжична врска и подвижни во конвој со мала дистанца.

Со проектот EcoTwin DAF Trucks ќе покаже како при движење во конвој, вториот камион, користејќи Wifi-P, радар и камери, го следи автоматски првиот на многу мала оддалеченост. Планирано е растојанието да е 0,5 секунди, што при движењето со 80 км / ч е околу 10 метри.

Досега направените тестови со камиони, движејќи се со минимална оддалеченост, покажуваат дека потрошувачката за гориво се намалува до 10% и соодветно исто со толку се намалува и СО2-емисијата. Исто така се зголемува и безбедноста на патот.

Системите за автоматско следење на предниот камион се развиени така што им овозможуваат на другите учесници во сообраќајот безбедно да се вклучат во сообраќајот или да излегуваат од автопатот.

Од DAF сметаат дека овој систем ќе биде применет во практиката не порано од 2020 година.

Сајтот користи cookies (колачиња) како би во овозможил подобар и побрз пристап при Вашето повторно пријавување на сајтот. Со кликање на “ПРИФАТИ”, Вие се согласувате да се користат сите cookies.