Шведскиот производител кој сега е дел од Volkswagen AG го започнува своето постоење во 1891 година како приватно претпријатие за производство на железнички вагони. Во изминатиот век и четвртина, Scania се наметнува како еден од најголемите производители на камиони и автобуси и мотори со индустриски и морски апликации...

Шведскиот производител кој сега е дел од Volkswagen AG го започнува своето постоење во 1891 година како приватно претпријатие за производство на железнички вагони. Во изминатиот век и четвртина, Scania се наметнува како еден од најголемите производители на камиони и автобуси и мотори со индустриски и морски апликации. Во моментов компанијата го зазема водечкото место благодарение на извојуваните престиж и доверба, како од страна на своите клиенти, така и од своите конкуренти. Моментално Scania ја остварува својата дејност во над 100 земји во светот, а фабрики за производство има во Шведска, Франција, Холандија, Полска, Бразил, Аргентина и Русија. Почетокот е во последната деценија на XIX век во Содертале каде започнува производството на отворени товарни и транспортни железнички вагони. Името на малата работилница е Vagnfabriks Aktiebolaget i Södertälje или накратко Vabis. Во 1902 година Густав Ериксон го дизајнира првиот товарен автомобил на компанијата со бензински мотор и менувач  на две нивоа. Во 1900 година во Малме е основана Maskinfabriks-Aktiebolaget Scania, како шведскафилијала на англиската компанија Humber која произведува велосипеди. Vabis почнува да чувствува финансиски тешкотии и тоа води до спојување со Maskinfabriks-Aktiebolaget Scania во AB Scania-Vabis. За време на Првата светска војна, компанијата целосно ги задоволува потребите на шведската армија за товарни и сервисни возила. Токму воените години ја менуваат ориентацијата на компанијата која ги концентрира своите активности во производството на камиони. Во 1949 година Scania-Vabis го презентира својот дизел мотор со директно вбризгување на горивото. Моторот станува популарен по својата издржливост, поради што е наречен "400 000-километарскиот мотор".

Во 1965 година е отворена фабриката за делови во Цволе, Холандија. Во 1969 година Scania го претставува 14-литарскиот V8 турбодвигател со моќност од 350 КС и променета филозофија - висок вртежен момент е достапен уште во ниските вртежи на моторот. Во 1976 година Scania ја открива фабриката во Тукуман, Аргентина. 1980 е годината во која компанијата ја лансира 2-серија, која станува првото модуларно тешко товарно возило. Во 2003 година се одржува првото издание на трката за најдобар млад возач на камион организирано од Scania. Во 2004 година, автобусот Scania Irizar PB е награден како "Автобус на годината". Во 2008 година Volkswagen AG станува главен сопственик на Scania и во моментов поседува 70,94% од акциите со право на глас. Во 2009 година е претставен новиот автобус Scania Touring, кој е заеднички развој на шведската компанија и кинескиот производител Higer. Во 2013 година Scania го претстави оптимизирањето Streamline за своите серии G и R, оптимизирани специјално за ниска потрошувачка на гориво при транспорт на долги растојанија.