Плановите на компанијата се да врши организација на збирен и поединечен транспорт помеѓу транспортните фирми во Македонија и регионот. Со ова би се намалиле трошоците како на транспортните фирми така и на фирмите за кои се врши превозот. Во подготовка е апликација која ќе биде на нашата страна преку која фирмите ќе имаат преглед на камионите на регистрираните фирми каде се наѓаат во моментов како и на товораот за кој е потребен превоз во моментов.